17 ноември, 2019

Радио

Шпекулациите дека серијата филмови со Џемс Бонд ќе биде “убиена” ги остави критичарите да се прашуваат дали 007 треба да живее за повторно да шпионира.Почна ширење на гласини дека МГМ ги принудил продуцентите да го прекинат развојот на следниот филм со Џемс Бонд, официјално познат како “Бонд 23”. Студиото моментално има долг од 4 милијарди долари и бара купувач, со што се комплицира судбината на сите продукции поврзани со МГМ. Според “инсајдери кои се запознати со ситуацијата”, сепак “Бонд 23” е сеуште жив, иако продукцијата продожува следниот април. Ова не ги сопре блогерите да прашуваат дали е време 007 да се прати на одмор. “Иако “Бонд 23” звучи прилично добро, шпионската серија мора да умре”, вели Стјуарт Херитејџ во Гардијан. “Џемс Бонд повеќе не е Џемс Бонд. Зошто да не го оставиме достоинствено да умре, додека сеуште може”?

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Треба ли МГМ да го “убие” Џемс Бонд?
Горе