15 септември, 2019

Радио

Навиките во исхраната, доколку се правилни, помагаат при зачувување на здравјето, продолжување на животот, подобар квалитет на живеење и превенција од многу болести. Правилна исхрана подразбира правилна периодизација на оброците и адекватен избор на намирници. Тоа значи дека во текот на денот, треба да имате три главни и два споредни оброци, кои се нутритивно вредни и по состав и по количина.
Купувајте паметно
При купување на намирници, тргнете сити и со список коj сте планирале да го купите. Листата со продукти треба да е во согласност со претходно направениот план за исхрана. Не купувајте храна која не треба да ја јадете, бидејќи еднаш ако ја внесете во фрижидер, бидете сигурни дека ќе ја пробате. Не купувајте преработувана храна. На пример, купете месо, а не сувомеснати производи.
Гответе паметно
Подгответе храна, само онолку колку ви е потребно за оброкот. Преполовете ги мастите кои се напишани во рецептот. Нема да имате голема разлика во вкусот на храната, а разликата во калориската вредност е голема. Гответе едноставна храна, чорби, варива, печете месо или риба наместо да пржите и намалете ја количината на сол во исхраната.
Јадете паметно
Секогаш јадете на маса. Не јадете додека готвите. Уживајте во храната која ќе си ја подготвите. Не гледајте телевизија, не читајте, не решавајте никакви проблеми додека ручате или вечерате. Секогаш потрудете се да си ја сервирате храната како да сте во луксузен ресторан. Во чиниите ставете онолку колку што ќе изедете и не ги изнесувајте тавите и тенџерињата со зготвената храна на маса.

Остави коментар

Почетна // живот // здравје // Јадете малку, јадете добро!
Горе