Наглото опаѓање на температурите, причина за срцев удар

26 декември, 20100
coldweather

Наглите температурни промени може да предизвикаат срцев удар, особено кај луѓето кои имаат срцеви заболувања. Со секој степен помалце, во Англија болниците сѐ повеќе се полнат со луѓе кои имаат срцев удар. Токму поради тоа е направена една студија која го покажува влијанието на ниските температури врз нашето тело. При ниски температури крвните садови се стеснуваат, и доаѓа до зголемување на крвниот притисок, бидејќи е потребен поголем крвен притисок за да се придвижи крвта во стеснетите крвни садови. Исто така познато е дека телото го намалува протекот на крвта, особено кај екстремитетите ,во зима. Ниските температури исто така може да влијаат на производство на хормонот кој го регулира крвниот притисок. Оваа студија била направена врз 75 луѓе кои имале срцеви заболувања. Резултатите кои се добиени сугерираат на лицата со срцеви заболувања во зима, особено кога температурите се многу ниски да пијат аспирин секојдневно. На нив им се препорачува да не излегуваат непотребно, а доколку мораат да се облечат слоевито.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi