Сексот и свеста кај луѓето

29 ноември, 20100

За да се процени дали нешто е нормално или ненормално потребни се стандарди со кои ќе се изврши проценката. Кога лекарот проценува дали некој орган функционира нормално, се потпира на објективни и мерливи физиолошки норми. Но, кога станува збор за човечкото однесување, тогаш стандард со кој може се процени не е од биолошка, туку од општествена природа. А општествените норми не се објективни, бидејќи тие се резултат на еден вид на општествен договор, одобрување на голема група на луѓе, околу тоа што е прифатливо, што може да се толерира, а што е неприфатливо. Надворешните норми стануваат интерни правила врз основа на кои правиме проценка за себе си и за другите. Но, за разлика од биолошките норми, социјалните норми можат да се менуваат, така што она што претходно било абнормално сега повеќе не е. На пример, кога се зборува за сексуалноста и љубовта, некогаш беше перверзна, и ненормална, сексуална практика на мажите и жените и нивниот однос кон оралниот, аналниот секс и взаемна мастурбација. Денес, ние веруваме дека е нормално да се менува сексуалната практика, доколку доброволно се решат и се согласат двајца возрасни и свесни луѓе. Се разбира, под услов тоа да се случува надвор од јавноста. Во средината на седумдесеттите години, хомосексуалците во Америка имаа големо политичко дејствување и лобирање и успеаа да ја изменат социјалната норма, па така сега љубовта кон лице од ист пол се смета за нормална. Тоа значи дека хомосексуалноста престана да биде една од детерминантите на листата на ментални растројства, таа престана да биде дијагностицирана. Родителите имаат право да сакаат нивното дете да биде хетеросексуалец, бидејќи тие сакаат внуци, но истите деца треба да учат да имаат толеранција кон хомосексуалните ориентирани луѓе. Толеранција не е исто што и прифаќање. Да се биде либерален значи да не сте агресивни кон нешто што не Ви се допаѓа. Кога човек има право на слобода и да се разликува од другите, разликите имаат право да постојат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi