Essen Motor Show: AC Schnitzer BMW 650i Coupe

30 ноември, 20110
0

AC Schnitzer е докажано име во светот на тјунинго на автомобилите од марката БМВ, а својата висока репутација ја потврди и на актуелниот Essen Motor Show (26.11 – 04.12.2011). Таму, германската тјунинг компаија го претстави модело ACS6  5.0i, кој како што ни кажува ознаката е развиен на база на моделот 650i.

Кога станува збор за оптичките промени, автомобилот доби значајно променет браник со сплитер, спортски прагови, “крило” на поклопецот и дифузор на задниот браник. На прв поглед промените се дискретни, но се во склад со целовкупниот концепт на автомобилот, ACS6 е значително поубав од основниот модел.

Спортскиот впечаток го појачуваат и специфичните црни 21инчни фелни, кои се за цела третина полесни од 20инчните фабрички фелни. Потполно е нов и издувниот систем, како и неговите атрактивни краеви, вешто вклопени во задниот браник. AC Schnitzer не се задоволија со “козметичките” промени.  Моќноста на моторот со две турбини, заприемнина од 4,4 литри, е зголемена од 407 KС на 540 КС. Забрзувањето од нула до сто трае само 4,3 секунди, што е дури за пола секунда подобрао од резултатот на моделот 650i

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi