Дали Tito беше масон? Згради со масонски обележја во Белград, после Втората Светска војна – прв дел

15 јули, 20110
beogradnaslovna

I

Во новиот дел на Белград, после Втората Светска војна, беа изградени зданија кои асоцираат на масонското влијание. За сите овие згради не може со сигурност да се тврди дали масоните имале одредено влијание врз градењето но некои коинциденции не можат да се избегнат.

Можеби од суштинско значење претставува влијанието на слободното ѕидарство пред Втората Светска војна, како и влијанието кое што следеше после тоа. Поради тоа постојат големиот број на претпоставки за важноста на масонството во времето на Tito. Начинот на кој слободното ѕидарство функционираше пред 1940 година (односно до “самозаспивањето“ на Големата ложа “Jugoslavija”, очигледно беше крај на еден голем историски циклус).

За поствоениот период има сеуште свежи рани: од тоа дека Josip Broz, а со самото тоа и неговото блиско окружување имаше блиски односи со масоните, до тоа дека масоните всушност во поствоениот период беа прогонувани и слободното ѕидарство не можеше слободно да функционираат од 1940 година.

Josip Broz _ Tito

За да можеме да го опишеме периодот после Втората Светска војна, беше прегледана полициската архива. Тогашните политички аналитичари, заклучија дека “масонството во Југославија, од страна на окупаторот беше целосно уништено. Голем дел од припадниците во предвоениот период окупаторот ги стрелаше. Еден помал дел пред Втората Светска војна емигриаа во странство, поради што после ослободувањето во земјата останаа многу мал број на слободни ѕидари“.

Во извештајот се напоменува дека уште во 1946 година овие масони започнаа да се собираат, меѓутоа не беа во можност слободно да функционираат.

Под будното око на Удба, не можеше да остане сокриена ниту една активност на масоните, така што е забележано дека веќе во 1953 година, масонството попримала поозбилен и поорганизиран облик. Во истата година, беа откриени две масонски групи – едната работеше под називот “Beogradska loža” и на нејзино чело беше Damjan Branković, додека другата ложа беше “Jugoslovenska loža slobodnih zidara” на чело со Др. Ljubomir Tomašević и неговиот заменик Tomislav Paljić, бивши судија во Апелациониот суд.

Во “Beogradska loža” која што се сметаше за поактивна, покрај Branković, беа и Jovan Aleksić, бивши сенатор во пензија, Др. Vasilij Jovanović, адвокат и бивши министер, Jovan Veljić професор во пензија, Др. Vojislav Arnovljević, лекар, бивши универзитетски професор, Dimitrie Branković судија во пензија, Toma Smiljanić професот.

Belgrad, panorama

Ова група на масони работеа во многу поразлични услови пред војната и нивното дејствување после тоа стануваше се послабо. Всушност, до 1956 година, имаа обиди во реализација на неколку активности, но сите беа неуспешни, а едната од овие акции беше обединување на двете ложи. Подоцна започнаа да ја прошируваат мрежата низ останатите градови во Југославија, а работеа и за собирање на помош од странство.

Во тој период веќе започнаа да ја добиваат помошта од американската амбасада со која имаа многу блиски односи, но сите овие активности ги набљудуваше Убда. Некои масони кои беа активни пред Втората светска војна, беа повикувани на сослушување и распитувани за активностите на слободните ѕидари. Дел од лицата кои биле на испитување се: Andrej Andejević, Vasilije I. Jovanović, Milan Bartoš, Jovan Veljić, Antonijо Šokorac, Petar Šoć, Laza Marković, Dušn Tomić Lala, Damjan Branković…

Според Удба, најголемото влијание на послевоеното масонство го гледаа врз Српската академија на науките и Белградскиот универзитет. Така што на чело на водечката група преку која членовите на академијата интензивно работеше беше Vojislav Mišković, а нивната цел беше создавање на што поголемо влијани во SANU, Ректоратот на Белградкиот универзитет, на Филозофскиот факултет и на уште неколку други факултети. Српската академија, претставуваше најголемо засолниште за масоните во Белград и во неа дел беа најистакнатите и најлојалните масони меѓу кои еминентните научници Radivoje Kašaninom, Jakovom Hličijev, Antun Bilimović, Kosta Perović, Milanković, Avakumović.

На крајот, извештајот на Удба е завршен со коментар дека “група на масони во Белград претставува илегална организација која активно делува против социјалистичкиот систем на СФРЈ“. Врз основа на ова, може лесно да се заклучи дека многу брзо после тоа масоните престанаа со своите активности. Во полицискиот извештај напишан во 1957 година стои предлог да се разидат членовите и да не фукнционираат извесен период. Исто така, било предложено и апсење на најактивните слободни ѕидари – Vojislav Paljić, Boža Pavlović, Vojislav Mišković и Robert Cihler Gašparević.

Авторите на извештајот на Удба, на крај го даваат своето мислење: “Доколку се појави потреба, врз основа на ситуацијата и условите, би можеле да преземеме и други конкретни мерки. Тоа би се реализирало доколку претходно предложените мерки не успеат односно доколку членовите не се разидат“.

II

Од друга страна, постоеше претпоставка дека Тито бил многу близок со масонството. Кое од овие тврдења се точни?

Некои градби, кои се релативно нови, сепак залужуваат поголемо внимание. Иако во некои ситуации едноставно е неминовно да се остане во доменот на хипотеза, сепак се наметнуваат некои прашања на кои не може да се даде точен одговор.

Белград има две капии – едната дводелна и другата троделан градба, кои официјално се нарекуваат Западна и Источна капија на Белград. Во слободнотоѕидарство симболите исток и запад се многу важни.

Кога би се вратиле на симболите на овие капии, лесно ќе се воочи како Западната капија асоцира на два столба, додека Источната е изградена од три степенасти облакодери кои меѓусебно го создаваат симбилот – пирамида. Генексовата кула или Западната капија на Белград, се наоѓа после завршетокот на автопатот и ги пречекува сите патници кои доаѓаат во Белград од Загреб.

Зградите близначки се изградени во периодот од 1970 до 1980 година, според проектот на архитектот Mihajlo Mitrović, со вкупно 30 катови и 115 метри висина.

Mihajlo Mitrovic

За значењето симболите Jakin и Boaz, беше детално објаснето во претхнодните статии, па од овде може само да се заклучиме дека капиите во Белград сепак имаат значење и поврзаност со масонството.

Од страна на Vjenceslav Cenčić, беше изнесено прашањето дали Tito бил меѓу масоните? Tito, сепак беше дел од масоните и неговото учество во масонството и во политиката во 20от век се смета за неспорно.

И покрај бурната промена на политичкиот систем, “народната револуција“ и сите останати политички турбуленции кои направија одредени поместувања во светот, а влијаеа и врз српската популација во текот на Втората светска војна, дојде до ликвидација на масонското движење. Тоа најпрво се однесува за веќе споменатото “самозаспивање“ на Големата ложа “Jugoslavija”, а потоа и за прогонствата на слободните ѕидари во текот на окупацијата, за на крајот се да кулминира со Антимасонската изложба која во тој период имаше огромен публицитет.

Според официјалните историчари, слободното ѕидарство во поствоениот период згасна, но за одржување на неколкуте искри беше задолжен Damjan Branković. Со доаѓањето на комунизмот, масонството беше искоренето како категорија коe наизглед беше потполно не споивo со марксистичките идеи на тогашниот современ свет.

Според некои хроничари, сепак масоните имаа големо влијание особено во поствоената политика на Југославија односно врз нејзиниот политички врв. Од овде се провлекува прашањето – кои беа предвоените слободни ѕидари кои и после војната заземаа важни места во новонастанатата југословенска држава?

Tito i Ivan Ribar

Докторот Ivan Ribar беше Претседател на Народното Собрание на Кралството Југославија пред Втората Светска војна и Претседател на Собранието на Демократската Федеративна Југославија непосредно по завршувањето на војната.

Edvard Kardelj

Moša Pijade беше исто така масон, Edvard Kardelj за многумина беше “второто јас на Tito“, личност без кое Tito не донесуваше ниту една одлука. (Кој наводно беше член на римскиот Голем Оријент каде е примен под името Eduardo Kardeli). Многу значајна личност беше и Vladimir Bakarić, еден од претставниците на хрватската елите во тогашната СФРЈ. Овој список не би бил целосен доколку не се споменат Miroslav Krleža и Ivo Andrić.

Spomenik na Miroslav Krleza - Zagreb

III

Очигледно е дека енигмата започнува да се решава или пак започнува заплетот со едно име – Tito. Josip Broz, врз основа на сите претпоставки, имаше блиски контакти со слободните ѕидари во периодот после Втората Светска војна. Broz својот прв контакт со слободните ѕидари го имал во масонската ложа “Libertas”, и тоа преку адвокатот Ivo Politea и Др. Srećko Šilović. Во прилог на оваа теза, е фактот дека за време на “Загребскиот процес“ во 1928 година, воспоставија блиски односи бидејќи во тој процес Politea му беше адвокат на Tito.

Josip Broz Tito

Во 1926 година Tito влезе во “Libertas”, а од историска важност е тоа дека под закрило на оваа ложа беа три нерегуларни ложи, бидејќи голем дел од активностите беа надвор од масонските кодекси, поради што ложата “Libertas”, не беше призната ниту од една голема ложа. Така што, ложата продолжи да работи, но масоните кои имаа за цел зачувување на југословенските идеи, беа под закрило на Големата ложа “Jugoslavija”, додека пак останатите во “Libertas”.

Сепак, подоцна историјата покажува дека во оваа ложа, беше регрутирана елитата од усташкото движење, додека Ivan Mužć во својата книга “Масонството во Хрватска“ наведува дека од страна на германски известувач има дојдено до податок дека атентатот врз Кралот Aleksandar, бил од страна на Eugen Kvaternik, член на оваа ложа. Покрај него беа и Др. Budak, Др. Puk, Dušan Kralj, Др. Тот, кои веќе после Втората Светска војна ги покажаа јасно своите усташки определби за создавање на Независна Хрватска држава.

Eugen Kvaternik

Со падот на Кралството Југославија, односно нејзиното државно уредување, беше реализирано средба помеѓу Josip Broz и споменатите усташки идеологисти. Иако на прв поглед се неспоиви, усташите и комунистите, во тој период имаа заедничка цел која беше документирана со потпишувањето на спогодбата на Mile Budak и Moša Pijade во Сремска Митровица.

Mile Budak

Нареден сегмент во кој се забележува блиските односи на Broz во масонството беше во почетокот на Втората Светска војна. Ова се согледува во неговата изјава која се однесуваше на предупредувањето упатено до Советскиот Сојуз непосредно пред нападот на Hitler. “Ние го предупредивме Советскиот Сојуз, јас имав состанок со советскиот воен врв и ги информирав дека германските војници се упатени кон нив. Оваа информација ја имав добиено од страна на слободните ѕидари до Загреб кои беа запознаени со акциите кои се подготвуваат“.

Tito

Очигледно, Tito имаше точни информации кои беа превоените масони, особено кои беа хрватските слободни ѕидари, а согледувајќи ги и информациите кои ги имаше, сепак комуницирал со важни личности поставени на високи позиции во масонството.

Утре продолжуваме…читајте www.popara.mk

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi