10 најкул растенија

1 септември, 20110

Растенијата се најубавите нешта на земјата. Тие знаат да не смират и не служат само како украс, тие го прочистуваат воздухот во просторијата или надвор од неа. Еве некои необични и чудни но сепак кул растенија

10. Aloe Plant

За алое растенијата и не треба некоја посебна грижа во градината, а сепак ке ви дадат убав цвет или ќе ви бидат од помош, затоашто нивната течност е лековита.

9. Amorphophallus (Misshapen Penis Plant)

Ова растение се развива во издолжена или овална обвивка, каде на средина излегува цветот во интересна форма. Цветот може да има различна боја, но најчесто е кафеаво- виолетова или бело-зелена. И покрај интересниот изглед, нема убав мирис.

8. Nepenthes (Pitcher Plant)

Овие растенија со изглед како стомна, а и така се нарекуваат имаат механизам за стапица за инсекти. Ако влезе инсект во отворот тој неможе да излезе.

7. Rafflesia arnoldii

Овие цветови немаат хлорофил и затоа се неспособни за фотосинтеза. Сите луѓе што го имале блиску нив, велат дека има мирис на мртов труп.

6. Dracunculus vulgaris (Dragon or Voodoo Lily)

Мирисот што излегува од него мириса на гнило месо, и привлекува муви, затоа треба да се пази каде ќе се засади овој цвет. За среќа мирисот го снемува по првиот ден, па ќе можете да уживате во глетката. Цветот  трае од 7 до 10 дена.

5. Sundew

Овие растенија ги има насекаде низ светот. Овие уникатни месојадни растенија, на некој начин се хранат со инсекти, откако ќе се заглават во нив почнува процесот на варење. Чудно!

4. Hydnora Africana

Интересно е тоа што над земјата се појавува само цветот на ова растение, останатиот дел е во земјата. Овие растенија се паразитски и емитуваат прилично лоши мириси.

3. Welwitschia mirabilis

Ова растение има многу листови што се на земја. Лстовите се како кожа и се широки колку дланка, растат по земјата и полека се кинат и сушат. Малку необично нели?

2. Stinking Titan Arum (Corpse Flower)

Цвет повисок од човек, Мириса чудно и јако на гнило месо. Но во индонезија е феномен и е ретко.

1. Venus Fly Trap

Листовите на ова растение, цели се отвараат. На листовите има мали кратки влакненца. Кога ќе застане инсект на нив тие се затвараат за помалку од една секунда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi