Мизар

2 септември, 2011
Images_In_Images30_mizar_all

Доколку слушате рок музика, најверојатно сте слушнале за Мизар, култен рок бенд од Скопје, кој е навистина популарен во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Мизар се прослави со својот прв албум, кој е првиот рок албум на македонски јазик. Албумот постигна голем успех и се вбројува меѓу првите 10 рок албуми објавени во поранешна Југославија.

Во сегашниот состав на Мизар се Горазд Чаповски, Зоран Ориѓански, Пеце Китановски, Влатко Георгиев и Хармосини (машки хор). Дел од бендот некогаш биле и Ристо Вртев, Жарко Серафимовски, Влатко Каевски, Горан Трајковски, Илија Стојановски и Панта Џамбазовски.

Бендот е формиран во 1983 година во тогашна Социјалистичка Република Македонија. Поради својот авангарден звук и имиџ, како и наклонетоста кон православието и македонското самоопределување, Мизар често беа третирани со доза на сомнеж од страна на поранешниот комунистички режим. Сепак, групата доби огромно медиумско внимание и бројни телевизиски настапи и постигна огромен успех.

 

Дискографија

1988 – Mizar

1991 – Svjat Dreams

2003 – Svjedodzba + Svjat Dreams

2004 – Terrible Beauty (is born) (Kobna ubavina)

2007 – A View to the Flower Garden (Pogled kon cvetnata gradina)

2010 – The Child and the White Sea (Deteto i beloto more)

 

http://www.youtube.com/watch?v=HS35SoRffKY&feature=player_detailpage#t=0s

http://www.youtube.com/watch?v=dZ5akpOtVRg&feature=player_detailpage#t=1s

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi