Чичен Ица

26 септември, 2011
800px-Chichen-Itza-Ballcourt-Panorama-2010

Градските рушевини во Јукатан

“Нововековна Грчка“, историчарите ја нарекле државата на Маите, која во претколумбискиот период се простирала преку мексиканскиот полуостров Јукатан и пределите кои што се граничеле со него. Повеќе од 130 до сега ископани верски објекти потсетуваат на величенствениот атински Акропол. При првата средба со Чичен Ица, градот на храмовите во северна Јукатан, најпрво би помислиле на огромната градба Ангкора во Камбоџа; на една група огромни рушевини кои ја надминуваат просторноста на Чичен Ица.

На Маите, на кои би требало да се заблагодариме за настанувањето на храмот Чичен Ица, првобитно живееле, во периодот од петтиот век пред нашата ера до четвртиот век од нашата ера, во првобитниот стар свет на југот во Средна Америка, на просторот што е речиси голем како Табаско, Чијапас, Гватемала и Хондурас. Тогаш, ги напуштиле своите преубави храмови – пирамиди и тргнале кон север, во внатрешноста на полуостровот Јукатан. Зошто ја започнале преселбата, сеуште е останато како неодговорено прашање. Можеби, во старото населено подрачје, земјата станала неплодна, можеби избувнала некаква епидемија….

Тогаш, одбраниот крај во секој случај не покажувал никаква драж, поради која би се одбрало баш овде да се изградат градовите. Маите, дошле во овој крај, кој би делумно пуст, а делумно покриен со богата прашума, каде имало малку вода. Новите храмови, биле изградени покрај местата каде што имало вода. Центарот на новата држава, покрај метрополата Чичен Ица, биле и верските центри Ушимал и Мајапан.

Изградените храмови, биле толку многу убави, исто како и оние кои ги напуштиле. Чичен Ица, бил изграден во ова форма која што е и ден денешен видлива. Народот, не поседувал никакви камени згради, се населиле во дрвани колиби над подрачјето на храмовите кои ги посетувале во текот на верските обреди.

Кога Шпанците пристигнале во ова подрачје, Чичен Ица било поле од рушевини кои прашумата ги имала речиси проголтено. Дури пред стотина години, луѓето започнале да се интересираат за храмовите на Маите. Чичен Ица бил откопан и реставриран. Голем број од старите натписи и симболи, луѓето започнале да ги тумачат. Се потврдила претпоставката дека Маите во најмала рака се раководеле според календар. Сите временски периоди ги обожавале, а тие биле слични на нашите денешни недели и месеци. Свештениците оставиле неверојатно точни пресметувања во врска со движењето на Венера и претстојните затемнувања на Сонцето.

Од друга страна, Маите ги немале денешните средства кои се користат. При истражувањата, археолозите откриле стилко влијание кое не потекнувало од Маите, особено во поголемите градови во Чичен Ица. На крајот, се покажало дека на подрачјето на храмовите од десетиот век па натаму, владеело воено племе, Толтек. Го изградиле Кукулкан, големата света пирамида (“El Kastiljo”), во центарот на местото, а од нив потекнува и храмот на воините, опкружен со “1000 столбови“. И Каракол, округлата градба, слична како и Сончевиот опсерваториум и местото за изграње со топка, на кое се играле светите игри – сето тоа претставува сведоштво за мешењето на Толтек со традиционалните форми на Маите.

Секој кој би дошол во Чичен Ица, нема да пропушти да го посети ова место во чија што близина беше изграден градот на храмовите. Кладенецот, се користел за верски потреби. За да ја имале благонаклонетоста на боговите, овде оставале накит, оружје, темјан.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi