Исповед за шокантно семејно насилство

19 октомври, 20110
porodicno-nasilje

Од првиот ден од бракот, мојот живот беше пекол. Мојот сопруг е алкохоличар и континуирано ме тепаше, исто како и мојата свекрва. Воопшто не им беше важно дали сум бремена или не, а речиси секогаш бев бремена. Ма, кој ме прашаше дали сакам или не сакам. Толку се изживуваше врз мене кога беше пијан, поради што морав да бегам од куќата заедно со децата и да спиеме на улица.

Три куќи има запалено. Првата беше куќата која што татко му ја имаше изградено, а после тоа уште две куќи во кои се имав засолнето заедно со децата. Најтешко ми беше кога ги продаваше ќерките исто како на пазар за добитоци.

Ова е дел или почеток, на мрачната исповед на Д. Н. (43 година) од едно село во близина на Врање. Таа ја отвори својата душа пред Претседателот на Комитетот за човекови права во Врање, кој ја информираше полицијата.

Прво ја продавал Д. Н. во 1995 година за 300 марки, кога имала само 14 години. Детето плачеше, не можеше да се оддели од мене, но тој воопшто не обрнуваше внимание. “Мора да се оди, јас им  дадов збор на луѓето”, и рекол. Морала, да оди во куќата каде што била малтретирана и мачена. “Што сакаш, ти да уживаш? Дадовме пари за тебе, така што мора да правиш како што ние сакаме“. Издржала десет години, а потоа избегала. Не знам што се случи после тоа со неа. Потоа, тој ја продаде нашата петнаесетгодишна ќерка Д. Е. за 100 марки, а деветнаесетгодишната Д. Д. за 10.000 динари и шеснаесетгодишната Д. С. за 15.000 динари. Сите пари ги испи – раскажува мајката.

Не се знае дали приказната ќе ја дознаеше јавноста доколку активистите од СОС канцеларијата не работат на терен, каде што всушност ја зпознале и Д. Н.. Таа е сега на сигурно место, со два сина и две ќерки.

Секој знаеше што ни се случува дома, од соседите, роднините до полицијата. Доаѓаше полиција, само го опоменуваа, му се закануваа дека не смее да не малтретира, но тој се понервозен ќе станеше и ќе не претепаше мене и децата. Последниот пат кога ја запали куќата, поднесоа кривична пријава, а за претходните две ништо, исто како да не се случиле – низ солзи ни раскажува Д. Н..

Претседателот на Комитетот за човекови права изјавува дека официјално од полицијата добиле известување дека тие веќе се консултирале со Регионалното обвинителство и дека од таму биле информирани дека не се во можност да поднесат кривична пријава за трговија со луѓе, бидејќи нашиот закон не не заштитува при “продажба“ во случај на договорен брак .

– Тоа е – вели Претседателот на Комитетот за човекови права – целосно бесмислено. Тие можат да се повикаат на Конвенцијата за правата на детето и на Универзалната декларација за човекови права, доколку нашиот закон е нецелосен.

Таа наведува дека во последниве неколку години во врањанскиот крај биле регистрирани пет случаи на договорни бракови. Но и овие случаи поминале незабележано.

Центарот за социјална работа беше делумно запознаен со судбината на D. Н.. Но, местото кое и било понудено на несреќната жена насилникот го пронашол и ја претепал пред очите на својата шестгодишна ќерка!

Во последните десет месеци СОС телефонот во Врање регистрирал 175 повик. Во поголемиот број на случаи жените биле жртви на семејно насилство, а помал број биле случаите каде што децата биле жртви на семејно насилство. 90% од жртвите изјавиле дека насилството започнало уште од самиот почеток на бракот. Најчестите причини кои се наведуваат се економската ситуација, алкохолизмот, љубомората.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi