Неонацистите останаа без своето “Светилиште”! Рудолф Хес ексхумиран, а гробот разрушен!

22 јули, 20110
nacisti

Гробот на заменикот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е уништен преку ноќ. Посмртните оставки од Рудолф Хес биле ексхумирани во баварското место Вунсиедел, а потоа ќе се кремираат и ќе бидат фрлени во морето. Тоа е направено со цел да им се оневозможи на нео-нацистите да одат на напоклонение.

Инаку Хес бил еден од најблиските помошници на Хитлер кој извршил самоубиство во 1987 година, во затворот каде ја одлежувал доживотната казна.

Пред да почине тој од своето семејство побарал да биде закопан токму во областа Вунсиедел. Но, последниве неколку години неговиот гроб станал светилиште на нео-нацистите кои го слават како маченик. Тие на денот на неговата смрт, на 17-ти август се собирале и организирале големи собири.

Роднините на Хес најпрво се бунеле и биле против ексхумација на телото, дури и поднеле тужба. Но, сепак на крајот неговите коски биле извадени и се припремаат за кремирање.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi