Милано, Италија во мало

25 мај, 20110
NaslovnaMilano

На патот кон Милано веројатно ќе пројавите желба за шопинг, фудбал и опера, но само еден поглед кон Дуомо катердаралата и веќе ќе бидете воодушевени. Милано се смета за модна престолнина и центар на гламурот и фудбалот, но немојте да го потцените како историски град, бидејќи има што да се види.

Пред се, посетата на Милано не е комплетна ако не ја посетите операта. Уживајте во прекрасните звуци на познатите композитори како Моцарт, Росини и Верди, познатиот Скала.

Во Милано, постојат десетици средновековни цркви да се откријат и прекрасен замок Сфорцеско, кој е нешто најдобро што Милано може да го понуди, Нереалниот Дуомо, градската катедрала на која има над 3500 статуи и која е најдобриот пример на готската архитектура. Ова гигантско уметничко дело е преплавено со статуи од светлуцав бел мермер. Доколку се качите на нејзиниот врв пред вас ќе се појави спектакуларниот поглед кон градот. Изградбата на оваа катедрала е започната во 1386 година, а завршена е во 1805, бидејќи Наполеон сакал да биде крунисан како крал на Италија.

Можеби неможе да се натрпеварува со Рим, Фиренца или Венеција, но сепак Милано има што да понуди, а тука треба да се спомене пред се “Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Неколку уметнички и историски музеи можете да ги посетите и да обрнете особено внимание, за тоа ќе ви треба еден ден. „Brera” е најдобрата уметничка колекција која можете да ја видите во овој град, која вклучува 700 години уметничка историја и има дела на Рафаел “Венчавката на Марија и ЈОсиф“,на Микеланџело, Белот и Каналет. Историската библиотека Амброзија, ги чува нацртите и записите на Леонардо да Винчи.

Место каде се раѓаат модните трендови. Се рзбира неможете да отидете во Милано, а да не направите барем еден шопинг на улицата Монтенаполеон. Познатите модни бутици се подеднакво интересно направени како и најдобрите музеи. Миланските бутици и продавници се меѓу најдобрите во светот. Прошетајте низ улиците Дела Спига, Сант Андреа и Манкони и откријте ги најдобрите марки во светот, од Армани, Долче и Габана, Валентино, Версаче. Ги има илјадници бутици, а секој може да си најде нешто по свој вкус.

Милано може да понуди различни видови инспиративни ноќни забави за сечиј вкус. Вечер помината во Миланската скала е врвно искуство за љубителите на операта и балетот. За друг вкус пак постои познатиот фудбалски стадион Сан Сиро. Ако пак сакате да воздивнете од градската врева одете до градината Публичи, каде оваа голема зелена оаза има фонтани, споменици и статуи и претставува одлично место за одмор и уживање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi