Прекрасната Турција

11 јули, 20110
naslovna

Ако сакате да летувате во Турција, а тоа да не биде дестинација со многу туристи, тогаш секако ви ја препорачуваме Аланија. Место кое апсолутно по своите содржини нуди по нешто за секого.

Самиот град е сместен во заливот на Анталија во близина на Памфилија, прикриен со зимзелени шуми, грмушки, смокви и црн бор.

Аланија е посебна поради природната позиција, помеѓу планините Таурус на север и Средоземното море на југ, што ги привлекува и оние кои не одат на летовање првенствено за пливање и сончање на плажа.

Аланија има типична медитеранска клима, која обезбедува дождот да се појави во текот на зимата и остава долго, топло, суво лето, што привлекува голем број на туристи.

Местото се наоѓа во близина на планини кои создаваат интересен ефект: снегот може да се види дури и за време на топлите денови во самиот град. Просечната годишна темепература се движи 21,4 до 27,9 степени во лето.

Кога ќе го погледнеме брегот на Аланија, може да се каже дека гледаме површина со некои од најубавите турски плажи, а најдоброто од се е тоа што покрај бргот, каде можете да уживате во бањање и одмор на море, во внатрешноста имате прилика да ја запознаете историјата на оваа област. Како што кажавме, овде има забава за секого.

Во самото место ќе ве воодушеви шармот на старите куќи, тврдини, џамии и пристаниште во самиот дел на градот, кои на совршен начин се поклопуваат со модерната архитектура на многубројните хотели, културни и спортски содржини.

Кога зборуваме за ноќниот живот, добро би било да знаете дека Аланија ви нуди голем број на ресторани и кафулиња, кои несомнено ќе ги воодушеват помладите.

За оние кои сакаат да се запонаат со културата и историјата на ова место, а плажата и сонцето не им се доволни, препорачуваме тура до импресивната тврдина од 14 век, во која се наоѓа византиска црква украсена со фрески.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi