Демонстрантите на Обединети за Македонија се судрија со полицијата

13 јуни, 20110
FF
Членови и симпатизери на Обединети за Македонија и пријатели на партискиот лидер Љубе Бошкоски, како и неговото семејство, денеска излегоа на протести со барање Бошкоски да биде пуштен од притвор, а министерката за внатрешни работи Јанкулоска да поднесе оставка.
Од центарот на Скопје групата пристигна пред зградата на МВР каде дојде до туркање со полицијата, а се чини, беше избегната физичка пресметка, откако обезбедувањето на зградата доби засилување со полицајци со штитови.
Сопартијците на Бошковски, ја обвинија власта дека со вакви монтирани политички процеси, продолжува брутално да ги урива темелите на демократијата во Македонија.
Од ОМ бараат одговорност и на помошник министерот и портарол Иво Котевски поради изјавата во која ја изрече и затворската казна која може да ја добие Бошкоски.
Партијата реагира и поради следењето на нивниот лидер за време на изборната кампања. Барањата во плико беа доставени до МВР.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi