Вонредна собраниска седница за медиумите

1 февруари, 20110
9FE8E264EC85304AA1355ECAA85537D8
Информација за состојбата во медиумите, фирмите од Перо Наков и А1 Телевизија ќе бидат тема на дебата на денешната вонредба седница што за денеска напладне ја закажа претседателот на Собранието Трајко Вељановски, откако токму од овие причините опозицијата реши да го бојкотира законодавниот дом.
Вељановски вчера уште една ја повика опозицијата да се врати на седниците и координативните средби истакнувајќи дека тоа е единствен демократски начин за да се решат отворените прашања.
“Очекувам и на утрешниот ден да демонстрираме државничко чувство и спремност за продуктивна дебата и заедничка спремност за соочување на секое прашање, носење соодветни заклучоци, и за понатамошно градење на одржлив политички дијалог“, рече вчера Вељановски.
Сепак, вчера опозицијата во одговор на апелите на Вељановски рече дека “се додека причините за бојкотот се на сила“ остануваат надвор од Собранието.
Неизвесно е дали и денеска ќе останат на ваквата одлука и ќе ја “пропуштат“ и денешната вонредна седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi