Анализа: Европската унија повторно силно вознемирена за Грција

21 април, 20110
OB-IQ838_greece_G_20100527193533
Речиси една година по обезбедувањето на финансиската помош од стабилизирачките фондови за Грција, земјите од Европската унија повторно се исклучително вознемирени од грчките дејствија. Нештата не ги сменија нтиу 110-те милијарди евра, ниту пак новата строга буџетска програма, реализирана од кабинетот на премиерот Јоргос Папандреу. Во Брисел повторно се бара излез за Грција, анализира рускиот весник “Независимаја Газета“, пренесува Нетпрес.
Станува збор за реструктуирање на грчките долгови. Како можни изведливи варијанти се нивно скратување, продолжување на роковите на кредитите и намалување на каматите. Опростувањето на грчките долгови, најмалку за половина, би било чиста загуба за кредиторите, но радикална помош за презадолжената земја. Експертите напоменуваат дека заедно со Грција, реструктуирање на долговите треба да има и за Ирска и за Португалија, бидејќи и овие две земји “исто така банкротираа“. Дури и во круговите на ЕУ не порекнуваат дека проблемите на овие земји се поврзани. Изгледа,дека станува се’ потешко да бидат избегнати слични чекори.
Пред неколку денови беше обелоденето дека севкупниот внатрешен и надворешен долг Грција достигнал дури неодоливи 340 милијарди евра. Тоа е за 140 отсто повеќе од Бруто домашниот производ на земјата. Првичниот план за “спас“ на Грција е со рокод три години, и едвај ќе биде реализиран. Тој предвидува низ кардинално намалување на јавните расходи и добивањето на 50 милијарди евра од приватизација на државни имоти, Атина ќе успее да го намали својот буџетски дефицит, и до голем степен ќе успее да се раскусури со стабилизирачките ЕУ фондови. Исто така, според планот за “спас“, до 2012 година земјата треба да се враит кон самостојно обезбедување на средства за финансиските пазари.
Но, во Грција нема раст на економјата, без кој всушност и неможе да се излезе од бунарот со долгови. Дури напротив, кризата продолжува. Очекувањата се дека годинава економските показатели на Грција повторно ќе бидат негативни. Се зголемуваат само процентите на грчките заеми. Падот на економијата и растот на долговите креираат експлозивно опасна комбинација, која може да детонира секој момент. Реструктурирањето едвај дава надеж за некаква поголема контрола врз ситуацијата.
За време на телефонската конференција на министрите за финансии, одржана на почетокот на април, годинава, дузина учесници изразија голем сомнеж дека Грција ќе успее да се справи со товарот на долговите и дкеа во иднина сама ќе може да ги обезбеди потребните пари од финансиските пазари. Во врска со тоа, некои министри го покренаа прашањето дали не е поразумно да се пристапи кон реструктурирањето на долговите на Грција. Слична е и позицијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Од друга страна, пак, таа варијанта неизбежно е поврзана со загуби, кои ќе ги претрпат кредиторите, како и с о дополнителни расходи за земјите од еврозоната. За владите во ЕУ, такви непопуларни мерки се политички тешко изводливи. Кризата на еврото сеуште не е надмината. Претседателот на Европската централна банка, Жан-Клод Трише, претпоставува дека разгледувањето на алтернативи може да предизвика нов бран од шпекулации и потреси на финансиските пазари.
Но, со овие предупредувања не се согласуваат сите-на пример Германците. Еврокомесарот за економски прашања, Оли Рен, изјави дека што е можно поскоро треба не да се разгледува реструктуирање на грчките долгови, туку тоа да се направи.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi