Просечниот Србин е мешавина од Словени, Илири и Викинзи

21 јуни, 20110
srbin-498

Истражувањето кое го има спроведено една швајцарска компанија ’iGenea’, која го анализирала потеклото на народите од Балканот, утврдила дека србите во себе имаа викиншка крв.

Според резултатите од оваа студија, србите во просек имаат 30% словенски ген, 21% илирски ген, а 18% старогермански, а меѓу предците се набројуваат и келтите, старите грци, па дури и викинзие.

Изјавите на бившиот хрватски министер за здравје, Драган Приморац, дека денешните хрвати се потомци на пражителите на Европа, кои пред 13.000 до 20.000 години ја преживеале ледената доба, научницие ги нарекле како “извитоперени толкувања на научните податоци“.

Генетичарот д-р Горан Брајушковиќ истакнува дека европските народи се толку слични што е скоро невозможно да се утврди за секој поединец кој од каде води потекло.

Испитувањето на потеклото се прави со набљудување на цела група, во овој случај на неа и припаѓа целата бела раса од просорите на европскиот континент. Во молекуларната антропологија неможе да се препозна конкретно потеклото на србите, хрватите и црногорците, бидејќи сите тие потекнуваат од мали групи кои пред 100.000 години мигрирале од субсахарска Африка према Азија, а еден дел од нив се одвоил и отишол во Европа, изјавил д-р Горан Брајушковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi