Каде одмараат светските мега ѕвезди

30 јуни, 2011
насловна copy

Летото е тука и време е да ја избереме најдобрата плажа. Но, не било која плажа, одберете плажа каде што имате добар избор на славни личност. Ние ви составивме листа од 10 гламурозни плажи кои ги привлекуваат познатите личности од целиот свет.

Малдивите: Плажите тука се поставени околу античките корални гребени кои се прошируваат по страните на праисториски вулкани, кои ќе го направат за восхит нуркањето и нуркање. Познати личности кои го посетуваат ова место се: Бијонсе и Џеј-З, Кејт Мос, Ева Лонгорија, Џуд Ло и Пенелопе Круз.

Мајорка, Шпанија: Најголема на Балеарските Острови, Мајорка и е прилично очекувано да ги сретнеме познатите на оваа плажата. Ѕвездите како Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас многу често можеме да ги сретнеме тука, како и спортисти и поп ѕвезди од целиот свет.  Песочната плажа се протега на источниот и северниот брег (има тенденции  да биде една од најдобрите плажи на островот), низ богатата Serra de Tramuntana, планинскиот венец заедно маслиновите градини и борови шуми.

Остовот на желките, Фиџи: Рај на Јужниот Паџифик, најдобро место за да ги сретнете познатите, ако имате пари и начин да стигнете на островот, не пропуштајте. Поп ѕзвездите како Бритни Спирс и Џесика Симпсон поседуваат приватни имоти на овој остров, кој дозволува само 28 гости во исто време. Може да резервирате една од 14 плажи на островот или целиот остров за себе. Но, претпоставуваме ако имате толку пари, веќе сте доволно познати и немате потреба да се сретнете со нив.

Мајами: Латинскиот ритам на Мајами, овозможува многу за нејзините посетители, барем ова мислење го делат Џенифер Лопез и Шакира. Познатите како Деми Мур, ги тука ги оставаат јахтите и уживаат на песокот. Ќе ве фасцинира луксузното сместување.

Ангуала: Најдобрата работа во Ангуала е недостатокот на развој (нема казина или ноќни клубови). Тука може да сретнете одредени познати личности како Кортни Кокс Аркет и Дејвид Арекет.

Сен Тропе, Франција: Не бидете збунети, Паф Деди не го поседува местото, но тој сигурно има удел во социјалниот круг. Неговите познати забави на јахта се сеуште се зборуваат како и честите посетители на оваа плажа, Лара Флин Бојл и Џек Николсон.

Езерото Комо, Италија: Областа која е опкружена со вода привлекува многу познати личности Menaggio и Tremezzo двете убави плажи на езерото Комо, но вистинскиот нагласок се активностите како пловење, јавање и параглајдерство. Џорџ Клуни е редовен посетител.

Бора Бора, Француска Полинезија: Бора Бора е како еден вид “меден месец” земја. Познатите дами како Шарлис Терон, Шерон Стоун и Никол Кидман се забележани како уживаат на златните плажи, тропските колиби и бунгалови на приватните плажи, кои нудат поглед на вулкански врвови.

Кабо Сан Лукас, Мексико: Кабо отсекогаш бил класичен одмор ѕвезди, особено поради неговата близина со Лос Анџелес. Легендите како Џон Вејн и Ернест Хемингвеј се чести посетители на ова место, како и Дастин Хофман кој се релаксира од страна на морето Кортез.

Бонди Бич, Сиднеј: Било да станува збор за сурфање, нуркање или едноставно сончање како Парис Хилтон, сето тоа може да го најдете на прекрасните плажи на Бонди Бич во Сиднеј, Австралија. Најдобрата карактеристика на овој предел е изобилството на активности кои стојат на располагање. Затоа, додека пловите под мостот Харбор или пак ги разгледувате карпите Coogee, во секој момент може да налетате на познати личности како Никол Ричи или Хју Џекман, кои често доаѓаат на одмор на Бонди Бич.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi