Жељко и Јована прават бебе

29 март, 20110
11
Драмата околу раскинувањето на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јанковиќ би можела да заврши на најдобар можен начин – со бебе, пишува “Ало“, пренесува НетПрес.
Како што дознава “Ало“, откако изминативе денови поминале агонија, парот дошол до заклучок дека после се’ се сакаат повеќе и немаат дилеми околу тоа целиот живот да го поминат заедно. И не само тоа, Жељко и Јована одлучиле во наредниот период интензивно да поработат на нивното потомство бидејќи тоа им е заедничка желба.
“Откако се сретнаа во заедничкиот стан, вљубените ги решиле сите несогласувања поврзани со нивниот љубовен живот и направиле план за нивната иднина“, изјавил извор близок на парот за “Ало“.
“Со оглед на тоа дека се во стабилна тригодишна врска, прво одлучиле на есен да прават свадба, а со тоа да поработат и на принова. Жељко веќе подолго време има желба повторно да стане татко и на својата ќерка од првиот брак Мина да и’ подари брат или сестра. Кај Јована, исто така се разбудил мајчинскиот инстинкт, па лесно се договориле дека моментално приоритет им е бебе, кое дополнително ќе ја зацврсти нивната врска“, објаснил изворот.
На интернет порталите веќе се појавиле шпекулации дека Јована е трудна, но српската водителка ги демантирала овие гласини.
“Таа информација, за жал не е точна“, рекла Јована за “Ало“. Од друга страна пејачот не сакал воопшто да ја коментира оваа информација.

Јована и Жељко ја прекинаа својата тригодишна врска пред десетина дена, наводно поради заладување на односите. Меѓутоа во јавноста се прошири информација дека вистинската причина за нивното раскинување е авантура меѓу Јована и кошаркарот Александар Ѓорѓевиќ, што двајцата ја демантираа.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi