Диета со негативни калории

16 октомври, 20110
dieta

Диетата со негативни калории се заснова на следната теорија: вашето тело согорува калории кои се потребни за хемиските процеси на разложување на храната. Но, одреден вид на храна содржи помалку калории отколку што се потребни за таа да се разложи. Тоа значи дека со јадење на таа храна, вие всушност согорувате повеќе калории отколку што сте внеле и така слабеете.

На пример, доколку изедете две јаболка ќе внесете околу 100 калории, но за нивно разложување организмот ќе потроши 130 калории.

Во храна со „негативни калории“ спаѓа: целер, аспарагус, брокули, цвекло, кромид, зелка, морков, краставица, тиквички, јаболка, портокали, грејпфрут, ананас, јагоди, лимони, малини, капини, чоколадна торта, сладолед (хахаха, само се шегуваме за последните две).

Иако оваа теорија за негативни калории не е научно докажана, сепак многу познати ѕвезди изјавиле дека ослабнале токму благодарение на оваа диета. Па, не боли да пробаме 🙂

Е ваква диета ни треба, што повеќе јадеш тоа повеќе слабееш!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi