Држење диета пред зачнување лошо влијае на здравјето на бебето

18 јули, 20110
drzenje dieta pred zacnuvanje loso vlijae na zdravjeto na bebeto

Жените кои се хранат лошо пред бременоста ризикуваат да родат мали бебиња, кои подоцна имаат поголеми шанси да бидат дебели, па дури и да се разболат од дијабетис!

Научниците од Универзитетот во Архус направиле многу експерименти на глувци кои на лошата исхрана реагираат слично на луѓето. Десет недели пред зачнување, научниците ги ставиле глувците на ниско протеинска диета, а по зачетокот ги хранеле нормално.

Наспроти добрата исхрана за време на бременоста, глувците раѓале поситни деца со поголема чувствителност на инсулин и со зголемен ризик од дебелеење и кардиоваскуларни болести.

– Жените не би требало да водат сметка за својата исхрана само за време на бременоста, туку и пред зачнувањето, ако сакаат да го намалат ризикот нивните идни деца да заболат од современите болести, како дијабетис, дебелина и кардиоваскуларни болести – советува др Анет Дудл, една од учесниците во истражувањето.

Кардиоваскуларните болести често се поврзан со дебелина и со дијабетисот тип 2, а тимот на научници ќе прдолжи со истражувањето за влијанието на исхраната пред зачетокот на бебето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi