17 септември, 2019

Радио

Одредени видови на храна може да направат чудо и да ги решат секојдневните проблеми и проблемите со здравјето. Ако успеете да ја постигнете вистинската комбинација од производи во одредено време, навистина може да се постигне целосна цел. Така, според последното истражување, жените кои страдаат од ПМС симптоми може многу лесно да се ослободат од нив ако во нивната исхрана вклучат брокула и јајца. Имено, станува збор за волшебна сила која настапува како резултат на комбинација од витамин Д и минералот калциум. Брокулата содржи посебен вид на растителен калциум, кој нашиот организам најлесно го апсорбира и го вклучува во употреба. Од друга страна, јајцата се еден од најбогатите извори на витамин Д.

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Заборавете на ПМС симптомите
Горе