Најголемите тајни на козметичката индустрија

12 септември, 20110
10 tajni na kozmetickata industrija

Секојдневно во рекламите на козметичките компании се среќаваме со чудесните производи кои ќе не подмладат за десет години, кои ќе ја направат нашата кожа нежна и мека и кои ќе направат да заблескаме. Иако дел од тоа и не е далеку од вистината, сите знаеме што е во основата на маркетингот – добро спакувано „претерување“.

Козметичките компании буквално живеат од продажбата на своите производи, па затоа и добро ги чуваат своите тајни кои можат да го загрозат нивното постоење. Со цел да зачувате некој денар во џебот и да не се разочарувате од крајните резултати од користењето на некои производи, ви ги претставуваме 5-те најголеми тајни на козметичките производи кои некако успеале да протечат во јавноста.

1. Шампоните

Секојдневното миење на косата всушност повеќе и штети на косата отколку што помага. Можеби ви се чини чудно, но навистина нема потреба секој ден да ја миете косата. Најголемиот дел од шампоните во себе содржат сулфур кој ја отстранува природната маст на косата, кое пак со себе повлекува користење на балзам. Балзамот пак содржи силикон и глицерин коија спречуваат кожата да дише.

2. Кремите

Ако сакате да го задржите младешкиот изглед на кожата, секојдневно нанесувајте дневни креми со UV заштита и штитете се од сонцето колку што можете почесто, наместо да трошите мало богатство на креми со сомнителна ефикасност. За да бидат ефективни кремите мора да содржат состојки за УВА и УВБ заштита.

Исто така, пред да ги купите проверете дали содржат титаниум оксид, цинк оксид или авобензон. Ќе бидете изненадени колку од водечките креми против УВ зрачење не ги содржат овие клучни состојки кои штитат од UVA зраци, а кои предизвикуваат рак и стареењето на кожата.

3. Лосионите за тело

Сите ги обожуваме лосионите за тело. Прекрасно е чувство да имате мека и миризлива кожа, нели?

Сепак, треба да се има на ум дека кожата е нашиот најголем орган и се што ќе нанесеме на неа се апсорбира во телото. Значи она што во моментов ја прави нашата кожа кадифено мека и хидрирана всушност не значи дека е така и на долг рок. Некои лосиони обично се премногу густи за да се впијат во кожата и само се задржуваат на површината предизвикувајќи затнување на порите.

Она што најмногу ќе и помогне на вашата кожа е исхрана богата со омега киселини како риба и зрнести плодови. Ако мора да нанесете нешто на кожата тоа нека бидат масла: масло за бебиња или природни масла како што кокосов или какао масло кои ќе бидат покорисни за вашата кожа отколку тешките лосиони.

4. „Природно“ не секогаш значо „здраво“

Со оглед на фактот што козметичката индустрија е слабо регулирана, практично и не постои некаква регулација за оние прозводи кои се рекламираат како „природни“. А и се што се наоѓа во природата не значи и дека е здраво за вас. Сетете се само на змискиот отров и отровните печурки.  Некои природни состојки кои се наоѓаат во козметичките производи може да предизвикаат иритација или алергии како на пример лавандата, нането или лимонот. Но, ова не значи дека сите природни состојки се штетни. Напротив, има толку многу природни состојки кои многу благопријатно делуваат на кожата. Затоа е многу важно пред да ги купите производите задилжително да го проверите нивниот  хемиски состав, бидејќи тоа што направило чуда кај вашата пријателка, не значи дека ќе ги има истите ефекти и кај вас.

5. Не треба да бидете „роб“ на еден бренд

Нема потреба да ги користите сите производи за нега на кожа само од еден производител. Поради разновидноста и богатството на состојките, еден од производите веројатно ќе ви наштети, па идејата за користење на комплетна линија е всушност бесмислено. А бесмисленоста е уште поголема кога знаете дека најголемиот дел од брендовите се во сопственост на само неколку големи козметички компании како што се Estee Lauder, L’Oreal, Proctor & Gamble и Johnson & Johnson.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi