Азис е поубав од Боки наш…!!!

30 јануари, 20120
ab

Ги мола сите добронамерни пријатели на Македонија да не не бранет појче з’ш одкога почнаја со бранењето , нас не болит се!
Ни требит ли Европсконо Братство? Ако го пуљиш убо, таму се имат а братство ич. Имат додуше брајча и тоа убај.. се сакет се поштувет.. се си правет, ама срам ми е да кажа што ми пречит во таа љубов! Па не личит ре мажина така да се сакет!
Германцине ги сакет сине, ама најпојќе се сакет себе! Тоест ги сакет тие шчо ги мразет Енглезине. Веројатно з’ш на Евровизија Енглезине не им давет појќе од 4 поени..
Французине почнаја љубов да водет со Германцине з’ш Енглезине ги победија во фудбал. Шпанцине почнаја да се мразет и сами себе, па почнаја ептен на нас да личет.
Грчиштана не ги сакат никој, а им попуштаја на сине и во фудбал и во кошарка, ама ги тинтрет з’ш убо пееле на Евровизија. Поготово око му фрлија од Брисел на оној Сакис или како и да викаше. На Сакис ептен му се сакало и ете ти братство ре!! И ние Бокита го имаме, ама не ни го сакет него! Вељат како прасе бил! А моор.. зар сине Вбрисел се манекенски ликој?
Оние Бенелукс одамна не се на овој свет! Тие сакет тенис ептен, ама за тенис се и Скандинавцине па тука антагонозмо бргу ќе клајт точка на искрената љубов! Еми се сакало само трева и бели линии ре?! Ај ќе дува еднуш, ај ќе шмрка уш еднуш,ама по цел ден издуван и настинат не се прајт!
Пољацине и Чесине ги сакет , ами и јас од исти причини.
А моор.. еми можело ре сине женишча спортистки да бидет? И то убај ре. Лични на мајка ептен! Нив Силвио ги сакаше ептен.. Со Милота и другарчинана парче ги праеја по бродој.. пливање во сите дисциплини да се тренирало по цел ден и цела ноќ!! а ни еднуш ре да не се дојдело Охрид? И зато го избркаја. И така каку и да го врта пак на Бугарине се врашта! Капак ре.. капак биле и капак ќе останет!
Тие имет се.. цел оркестар! И Азис и за на шипка и за гласање на Евровизија и за пуштајне утакмици и за перење алишча .. море се имет само лош им е аранжманот! Никако таа музика ,песна да се клајт!
Другине не ги збора з’ш и така господ ги отепал па уш ја сеир да им фаќа, не ојт! Саму жал ми е за Словенцине. Таман научија да игрет и шансони да пеет, оп ќе се вратет на Ситно Ужичко и на Нашено Тешко, пак оро да си вртет! То се велит: дур не го заборавет,да се потсетет! Ами тоа единство на маршалон не беше без цврсти основи! Темелине по острови голи ги праеја, за навек навика да ни останит!
И на крај да резимира: а моор.. шо ќе прајме ние во вакво братство? Аку е Азис поубав од Боки, аку на Гарота и 7/8 му аплаудирет а не го сфаќет, аку сакаме тенис ама недоволно, аку немат потреба да им пушчаме во фудбал кога сами ни земет без местење, аку момичинана наши неможет со Бугаркине Романкине и другине расположени за нашипка да се тркет, аку на Евровизија не им пушчаме поени на другине,  каку да очеквиме нас да не игрет? И се опитва: а ни требит ли нас нешто за што не сме кроени ре?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi