Мажот МОРА да се рестартира!

13 февруари, 20120
images

Почитувани господа, минатата година извршив надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0. За жал новата програма многу лошо работи.

Некомпатибилен е со финансиски софтвер, така што сега е многу ограничен пристапот до апликацииОблека, а Накит и Цвеќе не можат да се движат, а тие одлично функционираа со Дечко 5.0.

Со тоа, инсталацијата на Маж 1.0 дојде до автоматско бришење на забавните апликации како што се Крстарење, Вечера со танц, Опера, Театар и слично, но наместо нив се инсталирани нови (кои не се од истата категорија) типови: Покер, Сабота пред ТВ и Неред насекаде. Почнување на Разговори 8.0 се појавува прозор кој предупредува на грешка и информира за блокиран пристап до некои датотеки. Обидот за негово повторно рестартирање, го руши системот.

Под никакви услови системот не ги извршува функциите: Чистење по дома и Помош во кујна. Се обидов проблемот да го решам со копчето Караница, но оваа повеќенаменска алатка кој претходно одлично помагаше сега дава повеќе од ограничени резултати.

Ве молам да ми помогнете. Повредена корисничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi