Mорал да негира дека се работи за вонземјани

16 март, 20120
0081007.48

И покрај сите настојувања да се обиде да се прикрие постоењето на вонземјаните на Земјата, секогаш постојат храбри поединци кои се подготвени да застанат на страна на вистината. Или тоа барем сакаме да го мислиме.

Постоењето на вонземјански живот на Земјата тешко е да се докаже без цврсти и опипливи докази. Снимките и сведочењето не се довелно уверливи за мнозинството па околу овие теми веќе со децении се водат дебати.

Последен во низата на оние кои одлучиле да започнат дебати е поранешниот гувернер на Аризона кој ја извршувал должноста кога се појавиле светла во Феникс кои до ден денес се необјаснети.

Во разговорот за CNN Фајф Симингтон изјавил дека верувал дека станува збор за вонземјански брод, иако тогаш работата му била да негира се и да ја смири јавноста.

Случајот потајно го истражувал и откако престанал да биде гувернер, а сеуште е заинтересиран за оваа мистерија која ќе ја памети до крајот на животот.

Зборовите на овој политичар охрабрија многумина, бидејќи нивната параноја за заташкувањето кои ги прават Владите наизглед оправдана, но тоа што еден политичар тврди дека верува во постоењето на вонземјаните на Земјата, сепак не го докажува нивното постоење.

И додека дебатата и понатаму се врти во круг, неговото гледиште на настанот кој се случил пред 15 години секако погледнете го овде:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi