Чоколадни колачи со вишни

8 март, 20120
cokolado visni

За бисквит:

3 јајца

60 гр. шеќер

75 гр. путер

50 гр. шеќер во прав

60 гр. брашно

10 гр. какао

50 гр. рендана чоколада за готвење

За прелив:

50 гр. шеќер

1 дл. црно вино

0.5 дл. слатко бело вино

5 лажици сок од вишни

5 лажици ликер од вишни

1 лажица мед

200 гр. вишни од компот

2 лажици густин

Крема:

2 дл. слатка павлака

20 гр. шеќер во прав

2 лажици ликер од вишни

1 желатин

Рендано чоколадо

Вишни

Неколку листови нане

Припрема:

Изматете ги белките, па додадете го шеќерот и матете се додека на добиете цврст снег. Путерот нека се истопи на собна температура, па додадете го во жолчките со шеќерот во прав и матете со миксер, па додадете ги матените белки и промешајте. Додадете го брашното и какаото, па ренданото чоколадо и промешајте.

Смесата распоредете ја во тава покриена со хартија за печење и печете околу 5 минути на температура од 200 степени. Извадете го печениот пандишпан, отстранете ја хартијата и со калап отсечете кругови.

На оган карамелизирајте го шеќерот, па додадете го виното, ликерот и сокот, па медот и вишните. Гответе 10 минути, па додадете го разматениот густин.

Во студена вода разматете го желатинот. Изматете ја слатката павлака во шлаг, додадете го шеќерот. Желатинот исцедете го и растопете го на пареа со две лажици ликер, па додадете го во шлагот и промешајте.

Ставете го шлагот во готварски шприц. На два круга од пандишпанот нанесете крем, па ставете ги едно врз друго и поклопете ги со трет груг, врз кој ќе намачкате малку крема, па ќе посипете рендана чоколада и ќе ставите малку од шлагот, па ќе украсите со вишна и листови од нане. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi