Лазањи со тиквици и сирење

17 април, 20120
Lazanji

Ова е прекрасен рецепт со тиквици и три врсти на сирење, и навистина е прекрасен гурманси рецепт, кој лазањите ги поретвара во прекрасно ново откритие!

Понудете им ги и на вегетаријанците!

Состојки:

  • 600гр-тиквици
  • 50гр-маслац
  • Бел бибер
  • 12 листови лазањи
  • Сол
  • 100гр – горгонзола
  • 50гр-моцарела
  • 15гр-пармезан

За Бешамел сос

  • 50гр – маслац
  • 50гр – пченично остро брачно топ 400.
  • 1-л.млеко
  • Мелен ѓумбир
  • Мускатно оравче
  • Бибер
  • Сол

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквиците и надолжно пресечете ги на тенки листови. Испечете ги на маслац, посолете, побиберете и тргнете ги од оганот.

Лазањите проварете ги во посолена вода(2-3)мин., во која сте ставиле неколку капки масло, за да не се залепат листовите или користете ги лазањите кој не се варат.

За бешамел сос: На маслац лесно пропржете брашно. Постепено ставајте топло млеко со непрестано мешање, се додека не добиете густа смеса. Додајте сол, бибер, малку мускатно оравче и ѓумбир. На дното на ватростална посуда(30-19см)ставете малку бешамел, наредете ги во ред лазањите, по нив распоредете го бешамелот, наренданото сирење и пармезанот. Печете околу 25мин.во рерна,  загреана на220с.

Послужување:

Ако се поголеми тиквиците, извадете им ги семките, па пресечете ги на листови.

Замрзнување:

Јадењето подгответе го во 5 чекори, оладете во тепсија и оставете во замрзнувач 2 часа.Тепсијата накратко, налејте ја во вруќа вода и извадете ги од неа лазањите, спакувајте ги во кеса и вратете ги во замрзнувач.

Одмрзнување:

Лазањите извадете ги од кесата, вратете ги во тепсијата, па оставете ги на собна температура околу 2 часа. Покриени со алуминиумска фолија печете ги на 180с. 40 мин.

Трајност:30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi