Мафини со богат вкус на кафе

21 август, 20120
kolace

Потребни состојки:

2 филџани брашно

¾ филџан ванилин шеќер

1 филџан млеко

2 супени лажици еспресо во прав

½ филџан стопен путер

1 јајце

½ филџан издробено чоколадо за готвење како чипс

зрна од кафе

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.

Врв од капучино: 

170-220 грама маскарпоне сирење

1 супена лажица ванилин шеќер

½ супена лажица еспресо во прав

¼ чоколаден чипс

Во длабок сад ставете ги италијанското сирење маскарпоне, шеќерот и еспресото и толчете со толчник додека не се измешаат убаво. Подготвената смеса распределете ја на секое колаче и на крајот декорирајте со чоколаден чипс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi