Вкусни мини хот-дог кифлички

19 февруари, 20120
hot dog

Потребни состојки:

1 чаша јогурт

1 чаша павлака

1 чаша млеко

1 чаша вода

½ квасец

3 јајца

½ шоља масло за јадење

1 лажичка сол

2 лажички шеќер

800 гр. брашно

250 гр. маргарин

2 пакувања големи виршли или едно големо пакување мали виршли

Припрема: Во посебен сад измешајте ги водата, млекото, солта, шеќерот, квасецот и 4 лажици од брашното, а смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Кога смесата ќе нарасне, додадете го јогуртот, павлаката, 2 јајца и маслото за јадење и останатото брашно и замесете тесто.

Ставете ги виршлите да се сварат, а откако ќе се сварат отстранете ја лушпата. Доколку виршлите се големи исечете ги на три дела.

Од тестото расукајте голема тенка кора која ќе ја премачкате со маргарин и ќе ја исечете на долги тенки ленти. Ставете по една сварена виршла на крајот на лентата и виткајте во ролат. Секоја кифличка премачкајте ја со разматено јајце.

Кифличките со виршли ставете ги да се печат во загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi