Делови од човек пронајдени во Кичево

28 декември, 20120
policija
Делови од човечко тело денеска попладне се пронајдени од случаен минувач покрај железничката пруга во Кичево, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, граѓанин пријавил дека околу 13,35 додека минувал покрај пругата Кичево – Скопје во близина на местото Инфос забележал делови од човек.
Полицијата веќе извршила увид на местото каде се пронајдени останките и се работи на утврдување на идентитетот на жртвата.
Според првичните неофицијални информации, се работи за машко лице, но се уште не се утврдени ниту возраста, ниту причините за смртта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi