Детонатор елиминатор дегустатор симулатор и калкулатор!

4 април, 20120
kocani

Криминално досие за рекетирање, обид за убиство, насилство стои зад организаторите на криминалната
група која во источниот дел на Македонија вршеше терор врз населението.

Телевизија Алфа и весникот Вечер објавуваат имиња на организаторите на моќно организираната криминална група, на која Министерството за внатрешни работи по спроведената акција „Детонатор“ стави крај на криминалните дејствија на кочанското подземје.
Наведените медиуми како организатори на групата ги посочуваат Жан Железарски, Горан Божиновски, Јордан Михајлов, Сашко Стојчев и Симеон Михаилов.
Дел од овие лица се блиски до Социјалдемократскиот сојуз


Имено, Жан Железарски (прв лево од претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски) е уапсен во „Детонатор“ и се наоѓа во притвор. Според полициските и судските архиви, Железарски и Сашко Стојчев се осудени на 8 месеци затворска казна од основиот суд во Кочани поради демолирање на 4 кафулиња и повредување на обезбедувањето во објектите во декември 2009-та година.
Десно од Црвенковски на посочената слика се наоѓа Столе Трпевски-Трпе кој е уште еден од приведените во големата акција на полицијата во Кочани. Трпевски според пресудата на кочанскиот суд како обвинет за убиство за полициски „тигар“ во ноември 2003-та е осуден на шест месеци затворска казна.


Железарски и Трпевски, посочени од медиумите како организатори на криминалното подземје, според фотографијата во прилог, добро се познавале.
Горан Божиновски-Цингел, кого Вечер го наведува за еден од организаторите на криминалната група во кочанско-виничкиот регион, е осомничен, но поради немање доволно докази ослободен од обвинението во случајот на убиството на припадникот на полициската единица „Тигар“ каде Трпевски е осуден на 6 месеци затворска казна.
Божиновски во моментов, по одлуката на истражниот судија за акцијата „Детонатор“ се наоѓа во притвор. Претходно е осудуван на осум месеци затворска казна заедно со Железарски за демолирање на кочански кафулиња, повредување на неколку обезбедувачи на угостителските објекти и ги преплашување на гостите кои во тој момент се нашле во локалите.


Столе Трпевски (лево) и Горан Божиновски (десно)
Сашко Стојчев – Ш’шкин, уште еден од организаторите на криминалното подземје во Кочани кои го посочуваат медиумите, е дојден од Австралија. Тој е познат како еден од бодигардите на Љубе Бошкоски.


Имено, и Сашко Стојчев – Ш’шкин е дел од групата осудени на осум месеци затвор заедно со Железарски и Божиновски за истото дело.
За познанството меѓу Стојчев и Трпевски, двајцата посочени како организатори на криминалната група, говори и фотографијата во прилог.

Сашко Стојчев и Симеон Михаилов-Мончо, се двајцата организатори на криминална група кои се наоѓаат во бегство. Во притвор се наоѓа Јордан Михајлов кој во друштво со претходните двајца во дискотека е сликан со Зоља.


И во криминалното досие на Михаилов-Мончо е запишано насилството со осуда од осум месеци затворска казна, заедно со Сашко Стојчев – Ш’шкин, Жан Железарски и Горан Божиновски.
А, дел од приведените и оние во бегство опфатени во полициската акција „Детонатор“ се забележани и на митинг на СДСМ.


Воедно, на една од фотографиите која е направена во штабот на СДСМ во Кочани е забележан уапсениот Жан Железарски во друштво на првиот човек на кочанските социјалдемократи, Ратко Христов.

Интересно е тоа што токму Христов во изјава за порталот MKD.mk вчера рече дека многу пати апелирале дека безбедносната ситуација во градот е многу лоша.

-Многу пати апелиравме дека безбедносната состојба е на многу лошо ниво. Корупцијата и криминалот се заштитен знак на Кочани, но немаше слух за нашите предупредувања. Да си ја вршеше кочанската полиција добро работата, немаше да викаат полицајци од Скопје да ја средуваат ситуацијата. Згора на сè, во февруари во општинскиот совет се изгласа извештај за безбедносната состојба во градот во кој цветаат ружи, а реалната состојба не одговара со тоа што го пишува во извештајот, за кој нашата советничка група не гласаше, изјави вчера претседателот на општинската организација на СДСМ, кој на оваа фотографија е заедно со сега притворениот Жан Железарски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi