24 февруари, 2020

Радио

Доколку судот го прогласи за виновен за убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев, на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на политичката партија Обединети за Македонија Љубе Бошкоски му се заканува казна затвор од минимум десет години до доживотен затвор, пренесува Макфакс.

Бошкоски според обвинението не е меѓу првообвинетите и се товари за помагање на кривичното дело убиство, но според законот, како што брифираат од Основниот суд Скопје 1 за Макфакс, помагателите ќе се казнат исто како сторителите или поблаго.

Убиството беше извршено во 2001 година во кафуле во Капиштец. Тушевски беше убиен со11 куршуми, а Јанев со еден проектил.

Осомничени се вкупно четворица Срби и 11 Македонци. Деветмината уапсени се македонски државјани. За директни сторители на убиството се теретат тројца од осомничените Срби кои во моментов се во бегство.

Според најавите, против Бошкоски ќе сведочи заштитен сведок, откако судот ја одби жалбата на адвокатите кои бараа да се отфрли заштитениот сведок.

 

Остави коментар

Почетна // вести // македонија // Подигнато обвинение против Бошкоски, му се заканува доживотен затвор
Горе