Видео: Неверојатен изум, очи кои пишуваат!

30 јули, 20120

Група француски научници пронашле начин како да им помогнат на луѓето кои неможат да ги движат рацете и нозете. Тие сакале да им ја олеснат комуникацијата со светот и тоа пишувајќи со очи на екранот на компјутерот.

Пациентите кои ја загубиле способноста да се движат, наскоро, благодарение на новата технологија, може да комуницираат на сосема нов начин, со очите.

Научниците успеале да развијат технологија која со помош на зениците, односно нивното движење ќе може да се пишува на екраните. Иако, нашите очи се во постојано движење и речиси е невозможно да се контролира нивното движење, научниците сфатиле дека може ефективно да се „измамат“ очните мускули за да произведат континуирани движења.

„Спротивно на нашите верувања можно е да господариме со движењата на нашите очи. Направивме уред кој ќе помогне во тоа, тоа е на еден начин молив за вашите очи“, изјавил еден од членовите на научниот тим .

По само неколку тренинзи во траење од 30 минути, доброволците успеале да напишат од 20 до 30 зборови во минута.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi