Шарлиз Терон: Зголемувањето на градите ги зголемува шансите да ја добиете улогата!
30 април, 20120
Филмската убавица Шарлиз Терон на шала се пожалила дека поради градите не добила работа веќе една година.
Добитничката на Оскари (36), која ќе се појави во филмот “Снежана и ловец” во јуни, смета дека зголемувањето на градите во денешно време ги зголемува и шансите за добивање на улога на филм.
Добивајќи ја наградата за својата работа во последната деценија, на филмскиот фестивал во Лас Вегас, таа изјавила: “Да сум знаела дека 3Д ќе биде толку голема работа, ќе ги зголемев градите уште пред десет години”.
Шарлиз, која се развела од ирскиот актер Стјуарт Таунсенд во јануари 2010 година, додала: “Научив се за љубовта гледајќи го филмот Splash. Тоа е причина затоа што сум сеуште сингл – благодарност до Том Хенкс и Дерил Хана за тоа”.