6 пијалоци кои се борат со стареењето

1 октомври, 20120
1 copy

Овие 6 пијалоци ќе ви помогнат да сте здрави и да го забавите процесот на стареење. Видете кои се тие и кога да ги пиете:

Вода – треба да пиете по една чаша секое утро веднаш штом ќе станете од спиење. Хидратацијата ќе ви помогне да го победите чувството на замор и ќе направи вашата кожа да изгледа одморено и затегнато.

Кафе – се препорачува да се пие наутро после појадок. Кафето има благопријатен ефект врз срцето и метаболизмот. Црниот вкусен пијалок исто така го намалува ризикот од некои видови рак.

Зелен чај – правилно е да се пие во поладневните часови бидејќи го забрзува метаболизмот и може да помогне при битката со рак на градата. Од друга страна зелениот чај може да го регулира високиот крвен притисок.

Какао – се пие во попладневните часови и навечер. Содржи есенцијални антиоксиданси, многу повеќе од кафето, црвеното вино и зелениот чај. Какаото има неверојатен ефект врз здравјето на вашето срце и убавината на вашата кожа.

Црвено вино – пијте го по време на вечерата. Пикатенол е супстанција што ја има во виното и која има потенцијал да го спречи развојот на масни клетки во човечкото тело. Освен тоа има моќни антиоксиданти што го успоруваат процесот на стареење.

Млеко – пијте чаша млеко пред легнување. Вашите коски имаат потреба од калциум, а мускулите од протеини кои ги има доволно во млекото. Наутро ќе се разбудите свежи без траги од замор на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi