Авокадото – достапна егзотика

22 јануари, 20120
i

Денешно време авокадо можете да најдете во секој еден супермаркет. Но кај нас малкумина го вклучуваат авокадото во секојдневното мени, а тоа е голема грешка.

Авокадото практично не содржи шеќери и има многу малку протеини. За сметка на тоа исклучително е богато со масти (околу 30гр на еден плод), без притоа да содржи холестерин. Богато е со витамин Е, кој е многу полезен за човечкото репродуктивно здравје.  Друга причина да консумирате редовно авокадо е обилната концентравија на витамин Ф. Тоа не е само витамин, а цел комплекс од незаситени масни киселини – ленолева, леноленова и архиднова. Витаминот Ф се грижи за здравиот изглед на кожата и косата и на жлездите со внатрешно лачење.  Авокадото има и разнообразен минерален состав – содржи калиум, магнезиум и есенцијални микроелементи.

Што се однесува на мастите и калориите, не треба да ве плашат, зошто тие не само што не дебелееат туку и го спречуваат натрупувањето на излишни масни наслаги, согорувајќи ги излишните наситени масти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi