Диета со шејкови, ем здраво, ем вкусно!

13 февруари, 20120
1

Нашите најдобри пријатели се овошјето и зеленчукот и тоа е вистина која никој не ја оспорува. На прво место тие се многу вкусни. Освен тоа имаат се што му треба на вашиот организам и се ниско калорична храна. Факт е и тоа дека содржат антиоксиданси и антоцианини кои ги подмладуваат клетките, ја подобруваат состојбата на крвта и ни ја носат потребната количина микроелементи.

Ако сакате да ослабнете со шејкови, не заборавајте неколку основни правила.

Избегнувајте готови смеси, бидејќи содржат многу шеќер.

За шејковите приготвени дома, не користете шеќер и правете ги со нискомаслено млеко или јогурт.

Не пијте шејкови помеѓу оброците, шејкот сам по себе е доволна храна, така да ќе ги пиете како појадок, ручек или вечера.

И се разбира кон диетата со шејкови може и треба да се дополни печено или варено посно месо и риба, урда, јатки, мусли и салати од зеленчук со многу малку маслиново масло.

Добро е да знаете – Ако сметате дека овошјето и зеленчукот сами по себе гарантираат загуба на тежина, очигледно грешите. Само диетата не е доволна. Ние треба да се движиме многу, согласете се дури е и забавно, да одите пешки, џогинг во паркот, играјте тенис или бадминтон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi