Ослабнете со користење на црвена чинија!

19 јануари, 20120
crvena cinija

Доколку се придржувате на советите на германските и шведските диететски експерти, кои спроведоа истражување за корисноста на црвената чинија, може да загубите и до 40% од телесната тежина. Истражувањето покажало дека црвената боја не инспирира да внесуваме мали количества на храна и да ги избегнуваме „забранетите“ продукти, бидејќи црвената боја секогаш ја асоцираме со „Стоп“, „Забрането“ или „Опасност“.

Истражувањето е спроведено со цел да се инспирираат потрошувачите и дистрибутерите на намирници да ја пакуваат висококалоричната и помалку здрава храна во црвена амбалажа. На рестораните и баровите ова истражување им советува да ги опремат своите локали со повеќе црвени детали за гостите помалку да пијат.

За време на истражувањето, на испитаниците им било дадено да пијат чај од црвени и сини шољи. Резултатите покажаа дека оние кои пиеле од црвената шоља испиле во просек 44% помалку од оние кои пиеле од сина шоља.

Во другиот дел од истражувањето, на испитаниците им биле дадени по 10 переци од црвени, сини и бели чинии. Оние кои биле послужени со црвени чинии изеле најмалку.

Познатата актерка Урсула Андерс, представничка на Британското диететско здружение за истражувањето вели дека се согласува со тврдењето дека црвената боја е директна асоцијација за нешто алармантно и дека нам тоа чувство ни е вродено, па затоа би требало да го искористиме доколку сакаме да ослабнеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi