Оптимизам е она што ни треба!

30 април, 20120
s1

Ако сте заобиколени од позитивни и среќни луѓе, кои го оценуваат позитивно она што го правите, вие можете да живеете не само еден посреќен, но и еден поисполнет па дури и подолг живот. Студиите покажале дека позитивните луѓе со страст ги остваруваат своите соништа и живеат од 7-10 години подолго.  Друга предност на оптимизмот е самодовербата што од своја страна помага за постигнување успех во се што правиме.

Клучот кон среќата

Прифатете ги и затворете ги страниците од вашето минато.

Живејте исполнето во сегашноста.

Имајте позитивни очекувања од иднината.

Превземете конкретни чекори за посреќен и поуспешен живот.

Верувам, дека само она што го правите денес е она што е важно. Нашата иднина не се определува од минатото, а единствено од нашиот оптимизам и тие конкретни чекори, кои треба да ги направиме.

Оптимистите го живеат својот живот исполнет со надеж!

Во било која ситуација треба да се обидеме да го сочуваме позитивниот дух. Некои велат дека луѓето кои живеат во надеж се наивни. Најверојатно изгледам наивно за скептиците во светот, но моето решение е да живеам со надежта, оптимизмот и позитивниот поглед насочен кон мене и надвор од мене.

Ги гледам нашите членови на заедницата како безброј ѕвезди кои зрачат со позитивна енергија на околните. Сакам да делувам позитивно врз животот на другите за да можам да живеам среќен и успешен живот.

Ви посакувам на сите да гледате со очите на оптимистот, за да можете да видите колку е шарен светот. Не е се црно и бело!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi