7 вежби за добро расположение

4 октомври, 20120
raspolozenie

Вежбите за позитивно расположение може секој да ги научи и потоа секојдневно да ги практикува. Истражувањата покажале дека кратките паузи на работното место, во автомобил или за време на обавувањето на домашните обврски со овие вежби, трајно допринесуваат за радост во живеењето.

Опуштете го телото и душата

Опуштете ги мускулите на лицето, опуштете ја вилицата, вдишете длабоко, и притоа обратете внимание на подигање и спуштање на градите. На тој начин ќе постигнете врска помеѓу одредени нерви преку кои се намалуваат нашите реакции на стресот.

Смешкајте се

Кога нашите изрази на лицето, гестови и држење на телото укажуваат на добро расположение, моќ и задоволство, се поттикнуваат процеси во мозокот кои го подобруваат вашето расположение. Бројни истражувања покажаа дека луѓето кои ги краси насмевката на нивното лице полесно се спротивставуваат на стресот.

Бидете дарежливи, споделете го тоа со луѓето во вашата околина

Радоста која ја чувствуваме во давањето, во секој од нас е длабоко вкоренета. Дури и малите деца се среќни кога ќе се откажат од нешто и тоа ќе го ‘поделат’ со своите мачиња.

Посетете некое за вас, свето место

За тоа не мора да патувате со авион! Секој од нас би требало да го пронајде своето место крај езеро, мирна клупа во парк или некоја црква каде можете да се тргнете. Разговор со блиска личноцт, книга или заживување на убави спомени со помош на албумот со фотографии ќе ви даде можност да се одморат од секојдневната врева.

Поставете ги своите цели високо

Луѓето со големи амбиции се позадоволни. Меѓутоа, треба да си поставите и меѓу-цели, да се радувате на етапните победи. Албер Ками вели: Стремежот кон височините го исполнува човековото срце. За Сизиф мора да размислуваме како среќен човек.

Размазете ги своите сетила

Дадете си доволно време додека го вдишувате мирисот на розите, уживајте во омилените вино или слушајте музика во мир и без претходна најава како вашиот нос, сетилото за вкус или слух одговаат на пријатените стимули.

Почестете си се самите

Успешно сте завршиле некој проект, сте одговориле на важни мејлови, завршиле непријатен телефонски разговор или едноставно рпијателски сте се обратиле на колега кој не ви се допаѓа – сите овие се доволни причини на минута две да се исклучите и да се пофалите. Запомнете го тоа доживување на успех. За жал, сите подобро ги паметиме лошите работи во однос на оние убавите. Тестирајте се самите себе, ако не верувате! Во текот на денот сте имале 100 доживувања, од кои 50 биле неутрални, 49 позитивни и еден непријатен. Пред спиење расмислувате за…негативните? Во ваша моќ е тоа да го промените!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi