Самсунг го претстави новиот Galaxy Tab 3
30 април, 20130
Самсунг го претстави својот најнов производ, Galaxy Tab 3 со екран од 7 инчи кој би требало да биде директна конкуренција на помалите таблети од Епл, Гугл и Амазон.
Јужнокорејската фирма понудила уред со екран од 1024X600 пиксели и Full HD 1080p.
Поседува 1Gb работна и 16Gb дополнителна меморија. Секако поседува и SD слот за мемориска картичка.
Секако поседува и Вај-Фај, Блутут и останата стандардна опрема. Главната камера е 3 мегапиксели, додека предната 1,3 мегапиксели, а оперативниот систем е Андроид 4,1 Jelly Bean.