Како да ги привлечете парите?

30 ноември, 20131
9

Со нетрпение го чекате денот на платата, сте наумиле да купите толку многу работи, само што тоа така не се случува. Трошоците се големи и средства за уживање не остануваат. Познато, нели?

Но наместо да ви даваме совети како мудро да ги потрошите парите, подобро одлучивме да ве запознаеме со неколку информации од нашите предци. Некои велат дека се само суеверија, според други тоа функционира беспрекорно.

Сепак, ништо не ни пречи да пробаме, па времето ќе покаже.

И така, еве неколку правила и итрини со кои ќе ги привлечете парите кон себе.

Никогаш не го оставајте вашиот паричник празен. Тоа е лош знак и предвидува сиромаштија. Една банкнота задолжително треба да стои таму.

Кога ќе земете плата, не трошете ниту еден денар од неа! Оставете ја прво да преноќи во домот. Се проценува, дека така парите ќе го засакаат и наскоро ќе се вратат пак.

Доколку неочекувано добиете пари од негде, не ги трошете за патувања или шопинг. Трошете ги за работи кои треба да ги внесете во домот.

Оставете банкнота во облека која нема да ја облекувате оваа сезона. Важно е во џебот да нема дупка. И воопшто во сите џебови на облеката не смее да има дупка. Парите не го сакаат тоа.

Давајте на сиромашните! Според верувањата, колку пари ќе му дадете на човек во невоља, тие ќе ви се вратат двојно, па дури и тројно.

 

One comment

  • абе ја сум

    30 ноември, 2013 at 15:45

    Сто посто некој ова научно го докажал и добил дпкторска титула . Како денес се произведуваат доктори аериски ич не би ме изненадило.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi