Човекот што успеа да изгуби 33 милијарди долари за една година

31 јули, 20130
2

Еике Батиста, бразилски нафташ и тајкун минатата година беше на врвот на светот. Буквално. На листата на Форбс беше на 8-то место од групата најбогати луѓе во светот. Во меѓувреме изгуби над 90% од својот имот.

За само 16 месеци Батиста изгубил 33 милијарди долари бидејќи вредноста на неговиот нафтен конгломерат паднала за 90% и кога биле исплатени сите долгови му останале само 200 милиони.

“Неговиот бизнис модел беше претеран во секоја смисла“, објаснува економскиот аналитичар Лазарини. Тој смета дека Батиста ги преценил своите возможности, а во прилог не му оди и економската ситуација во Бразил која во моментов е во фаза на стагнација.

Батиста го упропастиле големите долгови. “Ќе ги испочитувам своите обврски. Ни еден цент нема да остане неплатен“, ветува Батиста во текстот кој го напишал за Валор Економико.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi