Тетовец починал од свински грип

24 јануари, 20130
vakcina_grip
Маж на возраст од 62 години од Тетово со детектиран вирус на грип од типот А (H1N1) почина вчера на Клиниката за инфективни болести.
Доктор Сања Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести информира дека лицето имало хронични заболувања, претходно седум дена се лекувало дома, а 20 часа престојувало на клиниката.
Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство изјави дека од понеделникот до денеска има 22 нови случаи со вирус на грип од кои 19 се од типот А, а три се од типот Б. Од тие 19, 14 се со тип H1N1, а пет со вирус на грип од типот H3N2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi