Нека љубовта биде наша сопатничка каде и да одиме

31 декември, 2013
2

Празниците се вистинскиот момент да си спомнеме зошто е важно да имаме блиски и пријатели и колку е убаво да ги споделиме среќните моменти со нив. Затоа решивме да направиме збирка од инспиративни цитати на тема љубов и да си посакаме во новата година љубовта да биде наша сопатничка каде и да одиме.

Темнината не може да ја избрка темнината. Само светлината го може тоа. Со омраза не можеме да ја победеме омразата. Сето тоа ќе го постигнете само со љубов.
Ја добиваме онаа љубов за која веруваме дека ја заслужуваме.
Љубовта никогаш не умира од природна смрт. Таа умира зошто ние не знаеме како да го нахраниме нејзиниот извор. Таа умира од заслепеност, од грешки, од предавства. Умира од рани.
Подобро да си сакал и да си ја изгубил љубовта, отколку да не си сакал воопшто.
Кога сум очаен си припомнувам дека во целата светска историја вистината и љубовта секогаш победувале. Имало тирани и убијци и на времето можеби изгледале непобедливи, но на крај секогаш биле победени. Секогаш помнете го ова.
Колку поголема е љубовта, толку поголема е трагедијата кога таа ќе си замине.
Маж и жена можат да бидат само пријатели, но во еден или друг момент, тие ќе се вљубат еден во друг. Можеби привремено, можеби во погрешен момент, можеби веќе прекасно, а можеби засекогаш.
Пазете се од љубовта. Таа ќе ви го помати разумот до толку што нема да разликувате што е да си горе или долу и што е правилно, а што погрешно.
Кога љубовта не е лудост, тогаш тоа не е љубов.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi