Правете го почесто: Бакнежите се извор на здравје и среќа!

30 мај, 20130
4

Бакнежите не одржуваат здрави и среќни, факт потврден со неодамнешната студија посветена на ефектот од бакнежите. За да го знаеме ова можеби и не ни беше потребна потврда од стручни лица бидејќи тешко дека на светот постои човек што не сака да споделува бакнежи со саканиот човек или особа која не е свесна дека бакнежите можат да ни донесат само нешто убаво и позитивно.

Меѓутоа овде не се работи само за тоа, туку научниците отишле подалеку и објаснуваат како всушност бакнежите влијаат на нашиот дух и тело. Стигнале до сознанија дека во моментите на бакнување се активираат механизми кои го проценуваат здравјето и генетската компатибилност на партнерот.

Освен тоа бакнувањето има уште многу бенефити.

Можеби не е адекватна замена за фитнес, но бакнувањето исто така троши калории, ги затегнува мускулите на вашето лице и го зајакнува имунитетот. А за она прекрасно чувство што трае и кога ќе ги одвоите усните од својот сакан/а заслужен е окситоцинот – хормонот на среќата чие лачење се активира и со бакнежи. Бакнувањето активира лачење на ендорфин кој го подобрува расположението, како и допамин кој ги поврзува партнерите.

И ова не е крајот на магичните својства на бакнежите – интензивното бакнување го интензивира лачењето на плунка што од своја страна ги одржува забите и непцата здрави.

Уживајте во бакнежите што повеќе и што почесто бидејќи освен што ќе ја разбудат вашата интима и љубов ќе остават врз вас и редица позитивни здравствени последици.

Foto-ilustracija: Freedigitalphotos.net / stockimages

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi