Лук против косопад, вишок килограми, црвенило на лицето…

30 декември, 20130
29

Лукот го намалува крвниот притисок и лечи хронични цревни нарушувања, чиреви, кожни болести…но, исто така, долго врме се користи и како третман за разубавување.

За ефектите на лукот знаеме многу, но сте слушнале ли за овие рецепти?

Отстранување на сало од стомакот

Ставете на стомакот топла облога од оцет, вода и лук во прав (5 грама). По 20 минути, истуширајте се и намачкајте се со антицелулит крема.

Против целулит

Земете 30 грама листови од бреза и бршлен, по 20 грама имела и лук и полиете ги со ладна вода. Ставете ги на оган додека не зовријат. По еден час исцедете ја течноста и ставете облоги на “критичните места”.

За чиста кожа

Три или четири пати во текот на денот, мијте го лицето со равнец или нане, а потоа истриете ги акните со лук и обложете ги со свежа краставица или лимон.

Против црвенило на лицето

Еднаш до три пати во текот на денот мијте го лицето со незовриено млеко. Мачкајте го лицето  четири пати во текот на денот со сок од “чувар кауќа”, кон кој ќе додадете еднаква количина мед. Потоа на кожата истапкајте ладен чај од едно чешне лук. Отстранете го по 10 минути.

Мелем против опаѓање на косата

Она по што лукот е најценет во светот е неговото лековито дејство на косата, односно спречување на нејзиното опаѓање. Неколку чешниња лук се ставаат во 250 грама 70-процентен алкохол и оставаат да отстојат 10 дена. Со тинктурата се масира коренот на косата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi