21 септември, 2019

Радио

Полека си гореа четири свеќи. Беше доволно тивко за да се слушне нивниот разговор.
Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме зачуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгаснам.“ Свеќата веднаш се изгасна.
Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла и понатаму да горам.“ Само што ги изговори овие зборови, дувна тивок ветер и ја изгасна.
Третата свеќа жалосно рече: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ Во истиот момент се изгаси.
По кратко време во собата влезе едно дете. „Што е ова?“ – се запраша детето. „Требаше да горите до крај.“ Детето почна да плаче.
Тогаш се огласи четвртата свеќа: „Не плаши се, сè додека горам јас, ќе можеме да ги запалиме другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Поучна приказна: Надеж
Горе