Поучна приказна: Пукнат сад

29 април, 20140
2

Сите ние честопати знаеме да се фокусираме на своите мани и недостаци и токму поради тоа не ги гледаме сите наши убави страни…Истото се однесува и на туѓите мани. Не заборавајте дека се што постои на овој свет има и лице и опачина. Не можете да ја гледате само едната страна. Особено обидете се тоа да не биде само лошата…

Некоја стара жена имала два големи земјени садови кои биле зацврстени на мотика која таа ја носела на нејзините рамена. Во садовите жената секојдневно носела вода. Едниот сад бил малку пукнат и во него жената од изворот до нејзината куќа успевала да однеси само половина вода од садот, бидејќи останатата половина истекувала низ пукнатината, а другиот сад бил сосема здрав и во него жената ја пренесувала целата количина вода.
Ова се случувало речиси две години, и во тој период здравиот сад бил горд на себе бидејќи во целост си ја бркал работата, а пукнатиот сад се чувствувал понижен и бескорисен, бидејќи не можел во целост да ја заврши работата за која бил направен.

Не можејќи повеќе да го издржи неуспехот, пукнатиот сад еден ден ѝ проговорил на жената:
„Многу ми е срам бидејќи поради пукнатината која ја имам на себе не можам целата количина вода да ја пренесам до домот.”

Жената се насмевнала и му се обратила на пукнатиот сад:
„Дали имаш забележано дека на страната од патот по кој со тебе поминувам на моите рамена има цвеќиња, а истите тие ги нема на страната од патот по кој поминувам со другиот сад? Тоа е така затоа што отсекогаш знаев за твојот недостаток. Знаејќи дека си пукнат и дека водата ќе тече од тебе додека се движам кон мојот дом, посадив семиња од цвеќиња на таа страна од патот и секој ден на враќање ти со својата вода ги полеваше тие цвеќиња. Веќе две години ги берам тие цвеќиња со кои го украсувам својот дом. Да не беше таков каков што си, немаше сега јас да ја имам таа убавина од цвеќиња во домот.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *